Во недела во Штип, концерт на Народен оркестар на Илија Ќосевски и MaQamistanbul од Турција

Со почеток во 20:00 часот, во недела на 31 август 2014 во ументичката галерија „Безистен“ во Штип ќе се оддржи концерт на народниот оркестар на проф.Илија Ќосевски и MaQamistanbul од Исанбул, Турција. Концертот е во организација на средното државно музичко училиште „Сергеј Михајлов“ и Општина Штип и на истиот ќе настапат 14 музичари кои ќе исполнат 14 нумери, пренесува 1.мк.

Гостите од Турција, меѓу авторските теми ќе исполнат и верзија на македонски песни. Концертот е одлична можност за културна соработка и на него ќе се направи музички спој на турската и македонската музика. Како гости на перформансот се јавуваат проф. м-р Марија Илиева и проф. Ангелина Симеонова на виолини, проф. м-р Јосиф Христов на пијано и проф. Филип Крстевски на тарабука.