петок, 25 ноември 2016  |  Вести денес: 75

Во недостаток на понуда, СДСМ во соработка со СЈО ја става Македонија во ново заложништво

Не стивнуваат реакциите на експертската јавност околу планот за дејствување на СЈО до изборите, кој вчера го објави неделникот „Република“. Според нив, планот на СЈО и СДСМ за дискредитација на видни функционери на владејачката партија почнува да се реализира. Неделникот тврди дека специјалната обвинителка остварила средба со лидерот на опозицијата на која Заев и порачал на Јанева дека СДСМ нема избор и дека мора да се обидат преку штелувани ситуации да ја намалат разликата во рејтинзите, односно да се обидат да дојдат до достоинствен пораз.

сјо

Поврзани вести

Познавачите велат дека е очигледно оти последниот аргумент во рацете на опозицијата и на Заев е Специјалното јавно обвинителство. Професорката Иванка Додовска вели дека СДСМ ќе го употребат токму СЈО за да направи некаков пресек во однос на одлуката на граѓаните пред тие да го дадат својот глас на претстојните предвремени парламентарни избори. „Целата оваа ситуација ја става Република Македонија во друго ниво на заложништво пред странскиот фактор, бидејќи евидентно е дека се уште одредени структури длабоко влијаат врз промената на расположението или барем се обидуваат да извршат одредено влијание врз него. Ценам дека ова е една непринципиелна борба и влегува во директна делегитимација на она што опозицијата го застапува, а тоа е владеење на правото и правната држава, бидејќи либералните начела поаѓаат од едни други стојалишта кои ние можеме да ги елаборираме и со часови да ги објаснуваме, но тие очигледно им се јасни на СДСМ. Сета оваа игра се враќа на дневно – политичката сцена само поради немањето на било каква понуда која ќе ја привлече граѓанската маса кон опозицискиот блок“, смета Додовска.

Дел од планот на за дискредитација на видни функционери на владејачката партија и нејзино претставување како злосторничко здружение, како што објави вчера „Република“, е до 11 декември Специјалното обвинителство да покрене обвинение за случајот со наводни изборни нерегуларности „Титаник“, да отпочне истрага за набавката на новите „шкода“ возила во МВР, изградбата на автопатот Демир Капија – Смоквица, градба на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ и имотот на партијата и приходите кои ги имала во минатото, како и изградбата на болницата во Охрид.

Дискредитацијата ќе продолжела и кон целото ВМРО-ДПМНЕ. Планот предвидувал атакување на сите носители на листите на ВМРО-ДПМНЕ, без разлика дали ги има во бомбите – шефот на изборниот штаб, членовите на Извршниот комитет и пратеници за кои СДСМ ценело дека имаат доверба од народот и се авторитет меѓу партиската структура, министри и потпретседатели на Влада и сите за кои Зоран Заев ќе одлучел дека му сметале или се достоинствени и вредат меѓу народот, ќе бидат предмет на овој линч.

Освен тоа, ќе атакувале и на Минитсрството за надворешни работи, на бизнисмени кои сакаат да ѝ помогнат на Македонија, ќе ги уценуваат со бомбите, а нема да ги поштеделе ни авторитените партиските активисти на локално ниво.

Имено, по неколкуте средби и комуникации што меѓусебно ги имале СДСМ и СЈО, како што објавија повеќе медиуми, било договорено до 11-ти декември Специјалното јавно обвинителство да излезе со 13 до 16 барања за истраги и 6 обвиненија. Важна била бројката и тенденцијата што е можно повеќе луѓе од раководството на ВМРО-ДПМНЕ да се опфатат со нивните прес-конференции директно атакувајќи врз нивниот углед, употребувајќи политички етикети, а со цел да се влијае на нивниот кредибилитет.

На пишувањата на „Република“ вчера реагираа од опозициската СДСМ, од каде посочуваат дека Груевски е во паника бидејќи, како што велат, доаѓа време кога треба да одговара, па преку „Република“ само го кажува она за што стравува.

Од владејачката партија, пак, велат дека Заев е тој што е во паника, поради тоа што се ближи 11 декември, кога како што велат од ВМРО-ДПМНЕ, ќе биде жестоко казнет за блокадите и штетите што во овие две години им ги предизвикал на граѓаните и на Македонија.

Најчитани вести