Во нередите во Виетнам запалени 15 фабрики

Анти-кинеско настроено население на југот на Виетнам во еден индустриски парак, запали најмалку 15 странски компании, во немирите кои започнаа како демонстрации поради неодамна поставената нафтена платформа во спорните води на Југоисточна Азија.

На палењето на фабриките им претходеа протести со околу 20 илјади работници од индустрискиот комплекс во провинцијата Бин Дуонг на југот на Виетнам од кои се издвоиле помали групи кои ги нападнале фабриките за кои се верува дека се кинески.

„Некои од нив припаѓаат на тајвански или јужно-корејски компании, “ изјави заменик директорот на Народниот комитет на провинцијата Бин Дуонг, Тран Ван Нам.Тој додаде дека на почетокот протестите биле мирни, но тензиите пораснале откако екстремистите ги поттикнале луѓето на кражби.

Многу странски фабрики во тој парк истакнаа транспаренти на кои пишува „Го сакаме Виетнам“.
Официјален Ханој остро реагираше кога Кина, на 1 мај постави нафтена платформа во близина на Парацелските острови кои ги контролира Кина, но на нив право има Виетнам.