Во несреќа загинаа 20 членови на едно семејство одејќи на божикна литургија

Дваесет членови на едно семејство, меѓу кои и шест деца, загинале во понеделникот во судир на два автобуса на северот од Филипини, одејќи на божикната литургија, објави локалната полиција.

Возилото, популарното на Филипини „џипни“ (jeepney), еден вид мини-автобус, кој го превезувал големото семејство удрил во поголем автобус во градот Агоо, 200 километри северно од филипинската престолнина Манила, соопшти тамошната полиција.

Дваесетте загинати оделе на утринаската литургја во црквата на Пресвета Богородица во Манаоаг, во соседната провинција Пангасинан, позната дестинација на верниците во доминатно католичките Филипини каде што се молат болните и соримашните, дваесетина киломери појужно.

Уште девет лица во тоа возило биле повредени, како и 17 патници од големиот автобус.

„Оделе на литургија во Манаоаг“, изјавила полициската офицерка Ванеса Абубо, пренесува агенцијата AFP.

Несреќата се случила кога малиот автобус претекнувал трето возило. Семејството доааѓало од градот Бауанг, на еден час возење од Манаоаг.

Девастираната патна инфраструктура, непочитувањето на заканоти и несовоснеото возење се главните причини за многу трагедии на патиштаа на Филипини со бројни смртни исходи.