Во несреќата на школскиот автобус во Танзанија загинаа 29 ученици

(Photo by Xinhua)

Во несреќата на автобусот кој превезувал ученици од основни училиште во северна Танзанија, загинале 29 ученици, двајца професори и возачот, соопшти директорот на училиштето.

„Загубивме 29 ученици и двајца луѓе од нашиот персонал, а исто така загина и возачот“, изјави Иникент Муши, директор на основното училиште „Лаки Винсент“ од северниот танзаниски град Аруша, пренесе AFP.

Тројцата преживеани во несреќата биле извлечени од остатоците на автобусот и пренесени во болница.

Директорот прецизирал дека 12 момченца и 17 девојчиња загинале во несреќата,  изрази голема тага поради тоа. Несреќата се случи во саботата утрото, кога автобусот слетал од патот и паднал во реката Марер, во округот Керату.

Учениците биле на возраст меѓу 12 и 14 години, и патувале на подготовка за приемни испити за средните училишта. Претседателот на Танзанија, Џон Магуфул, изрази сочувство на семејствата на жртвите по оваа трагедија.

Африка ја има највисоката стапка во светот по глава на жители според смртните случаи во сообраќајни несреќи, и покрај тоа што има само 2 отсто од вкупниот број возила во светот.

Лошата патна инфраструктура и нејзиното лошо одржување, се широко распространети на континентот.

Повеќе од 11.000 луѓе загинале во сообраќајни несреќи во Танзанија во периодот меѓу 2014 и 2016 година, според податоците на тамошната влада.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.