Во несреќа во Пакистан загинаа 10 деца

Во автобуска несреќа која денеска се случи во долината на Сват на североистокот на Пакистан загинаа 16 лица, вклучувајќи и 10 деца, соопштија официјалните лица.

Автобусот кој превезувал патници од централната провинција Пенџап во областа Сват, доживеал несреќа на патот во блзиина на реката рано утринава, пренесува АФП.

„Шеснаесет лица загинаа, вклучувајќи 10 деца и пет жени. Седум патници се повредени,“ изјави за АФП официјално лице од управата на Сват.

Причините за несреќата се непознати, но не е исклучено и возачот да заспал.Меѓу повредените се тројца мажи и голем број на жени и деца.Во Пакистан сообраќајните несреќи се чести поради лошите патишта и старите автомобили.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.