Во нестабилното тргување Волстрит надомести дел од загубите

На Волстрит во вторникот, по многу нестабилното тргување и големите осцилации на цените на акциите, берзанските индекси значително пораснаа, надоместувајќи дел од големите загуби од претходните два дена

Индексот Dow Jones порасна за 567поени односно за 2,33 отсто, на 24.912 поени, додека S&P 500 индексот зајакна за 1,74 проценти, на 2.695 поени, а индексот Nasdaq скокна за 2,13 отсто, на 7.115 индексни поени.

Откако претходните два трговски дена индексите Dow Jones i S&P 500 загубија повеќе од 6 отсто, вчера надоместија дел од загубите со многу нестабилно тргување. На самиот почеток од тргувањето овие индекси потонаа за дополнителни 2 отсто, но подоцна се пробија во позитивната област и тука се задржаа до крајот на тргувањето. Притоа Dow Jones индексот осцилираше во голем распон од минус 500 до плус 500 поени. На крајот овој индекс го забележа најголемиот дневен скок од јануари 2016 година, а индексот S&P 500 од ноември истата година.

„И покрај големите придвижувања последните денови на пазарот, економските темели се многу цврсти, и тоа не само во САД, туку и во целата глобална економија“, вели во анкетата на Reuters Алисиа ЛЕвин, аналитичарка во компанијата „BNY Mellon Investment Management“.

Дел од аналитичарите сметаат дека остриот пад на цените на акциите во претходните два дена, предизвикан од стравувањата на инвеститорите од раст на инфлацијата, зголемува на каматите и преценетоста на акциите, претставува здрава корекција, откако со месеци најважните индекси на Волстрит силно растеа и достигнуваа нови највисоки нивоа во историјата. Сметаат дека се позитивни изгледите во врска со американската, но и другите најголеми светски економии кои се поттикнувачи за пазарот на акции, но дека ќе измине одредено време додека пазарите сосема не се сталожат од овој потрес.

„Веројатно и следните денови ќе бидеме сведоци за нестабилноста на пазарите, но за неколку дека ситуацијата би можела да се смири“, вели Петер Коста, претседател во компанијата „ Empire Execuiton“.

Поддршката на пазарите им ја даваат јакнењето на најголемите светски економии, САД и Кина, како и еврозоната и Јапонија, добрите деловни резултати на компаниите и неодамна воведената даночна реформа во САД, со којашто се намалени даноците за компаниите.

Од друга страна, пак, дел од аналитичарите сметаат дека пазарот по повеќегодишниот силен раст и постојаното достигнување на нови рекордни нивоа е преценето, имајќи ги плановите на централните банки во светот оваа година да ги укинат поттикнувачките мерки со коишто со години преку ниските цени на парите го поддржуваа растот на пазарот на акции. Растот на економиите и потрошувачката, имено, би можело да предизвика јакнење на инфлацијата, а централните банки на тоа би требало да реагираат. А дека се очекува стегање на монетарната политика покажува и растот на приносите на обврзниците.

Американската централна банка минатата година ги зголеми клучните каматни стапки во три наврати за по 0,25-процентни поени, почнувајќи од март. Поради тоа, последните денови приносите на американските обврзници достигнаа најголеми нивоа од почетокот на 2014 година. Се очекува и дека Европската централна банка (ECB) до крајот на 2018 година ќе ги укине поттикнувачките монетарни мерки, што, исто така, го поттикнува растот на приносите од обврзниците. А повисоките приноси им штетат на акциите, идејќи поради тоа растат трошоците за задолжувања на компаниите и бидејќи дека од инвеститорите би можеле да повлечат дел од средствата од акциите и да купуваат обврзнции.

„Сите веќе извесен период зборуваме за 10-процентната корекција на цените на акциите надолу, по претходниот силен раст. Но мислам дека никој не очекуваше дека тоа ќе се случи во три дена. Но, нестабилноста нема да исчезна тукутака, па не би изненадило следните две до три седмици да бидеме сведоци на значителни осцилации во тргувањето“, вели Џ.Џ. Кинахан, стратег во компанијата „TD Ameritrade“.