Во Нетпрес денеска готвиме: Икеа ќофтиња и кокос торта

Во Нетпрес денеска се одлучивме да ги подготвиме надалеку познатите ќофтиња кои се готват во рестораните на Икеа, а за десерт правиме кокос торта.

Потребни состојки

500 гр мешано мелено месо

2 сварени и изладени компири

1 јајце

2,5 дл млеко

3-4 лажици лебни трошки

½ кромид

Сол и пипер

Сос

1 дл павлака за готвење

1 лажица густин

2 лажици соја сос

Подготовка

Кромидот исечкаје го многу ситно и испржете го на масло, компирот изгмечете го во пире. Измешајте ги сите состојки за ќофтињата за да се добие хомогена смеса, оставете 10-тина минути да отстои и обликувајте топчиња со дијаметар пет см.

Пржете ги на тивок оган, вртете ги за да се испечат рамномерно, готовите ставете ги на хартија да го упијат вишокот маснотија.

За сосот згответе бујон, додајте соја сос, слатка павлака и густин разматен во малку вода, оставете да се зготви и тргнете го оган.

Послужете со џем од брусница и сварен не зачинет компир.

evo-kokos-tortica-je-gotova-b72a8034ad3b42e976909893889a98d1_header

Кокос торта

Потребни состојки

7 јајца

350 гр шеќер

7лажици брашно

50 мл масло

1 прашок за пециво

1 лажица сок од лимон

  Фил

100 гр маргарин

300 гр бело чоколадо

200 мл кисела павлака

250 мл слатка павлака

200 гр кокос

Подготовка

Одвојте ги белките од жолчките. Белките изматете ги добро со шеќер па додајте една по една жолчка. Со дрвена лажица изматете брашно измешано со прашок за пециво, па додајте масло, топла вода и сок од лимон.

Печете на подмачкан плех со малку маргарин и брашно 40 минути на 170 степени. Добро изладено превртете и поделете го на половина.

За филот

Стопете го маргаринот заедно со белото чоколадо, па во него со постајано мешање додајте кисела павлака. Добро измешајте да се изедначи. Слатката пвлада изматете ја во цврст шлаг па во него додајте ја претходната смеса и добро измешајте. Додајте и кокос. Корите премачкајте ги со мармалад.

Пријатен апетит!