Во Нетпрес денеска готвиме ризото бланко и вишна мафини

Во кујната на Нетпрес денеска решивме да подготиме вкусно и малку шарено ризото бланко со црвен и зелен сос, а за десерт правиме вишна мафини.

Потребни состојки

1 шолја (250 мл) ориз

1 кромид

½ лимон

2 лажици путер

200 мл вермут (може и бело суво вино)

1 коцка за супа

2 лажици рендан пармезан

Маслиново масло

За салца

450 мл пелати

2 домати

1 пиперка

1 лажица чили пиперка

Маслиново масло

2 лук

1 лажица концентрат од домати

1 лажица шеќер

2 лажица мелена црвена пиперка

Сол, бибер

Зелен сос

15-20 листови босилек

100 – 150 мл маслиново масло

2 лажици пармезан

Подготовка

За ова јадење задолжително користете масилново масло.

Оризот измијте го и исцедете го. Во пошироко тенџере додаје маслиново масло испрежете го ситно исечкан кромид околу 1-2 минути. Додајте го оризот и пржете околу 1-2 минути, внимавајте не смее да пожолти, пржете на средна температура.

Ставете од Вермунтот или виното и добро измешајте. Додајте ја коцката за супа.

Кога виното речиси ќе испари и оризот малку ќе набобри, почнете да долевате вода на секои пет минути. Кога оризот е на половина зготвен додајте изрендана кора од половина лимон. Последните минуит готвење додајте го остатокот од лимоновата кора.  Оризот не го цедете, поголемиот дел од течноста мора да испари во текот на готвењето, но не до крај, бидејќи оризот ќе ја впие по готвењето.

Кога е готово, измешајте го путерот и изренданиот пармезан, посолете по вкус и внимателно измешајте оризот да не се распадне. Оставете го малку да отстои. Доколку оризот стане прегуст пред сервирање, можете да додадете малку млеко.

Црвен сос

Во длабока тава загрејте масло и пропржете ситно исечкана пиперка окол 2-3 минути. Додајте исечкан лук и чили пиперка и пржете уште една минута.

Додајте ги пелатите. Ако се во едно парче тогаш ситно исечкајте ги. Додајте шеќер, сол, мелена црвена пиперка, концентрат од домати и добро измешајте. Варете додека течноста не испари, околу пет до седум минути. Морате да добиете фин густ сос. Последните 3-4 минути гответе додајте исечкани свежи домати.

Зелен дресинг

Доколку имате мини миксер тогаш додајте масло, лист босилек и пармезан парчиња и сето тоа фино изматете го. Доколку немате мискер, тогаш можете се ситно да исечкате, да измешате се’ заедно и да го оставите да отстои 15 минути пред сервирање.

Cherry-and-Almond-Muffins_recipe_main

Вишна мафини

Потребни состојки

250 мл млеко

50 мл сончогледово масло

50 гр шеќер (може и повеќе по ваш вкус)

225 гр брашно

1 јајце

Малку сол, мускатно оревче, прашок за пециво

500 гр вишни (може и замрзнати)

Подготовка

Изматете го јајцето, додајте млеко и масло, изматете па додајте шеќер на крајот.

Во друг сад просејте брашно, прашок за пециво, сол и мускатно оревче. Во средина направете вдлабнатина и сипете ја смесата со јајцето, лесно мешајте … практично превртувајте го брашното со спатула

Во калап за мафини ставете хартиени кошнички. Во секој кошничка сипајте на дно малку од оваа смеса. Одозгора ставете исчистени, ако користите свежи, или исцедени, ако се замрзнати, вишни. Преку вишните дополнете ги кошничките со смесата.

На врвот од секој мафин ставете по една вишна за декорација и ставете ги во загрена рерна да се печат 20 минути. Извадете ги мафините од калапите и оставете ги 10 минути да отстојат пред да ги послужите.

Пријатен апетит!

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.