Магазин

Во Нетпрес готвиме ќофтиња во ѓувеч и чоколадна торта

Во Нетпрес готвиме ќофтиња во ѓувеч и чоколадна торта

За денешното мени во кујната на Нетпрес се одлучивме да подготвиме ќофтиња во ѓувеч и неодолива чоколадна торта.

Потребни состојки

500 гр мелено месо
80 гр каша од јачмен
500 гр ѓувеч
100 гр сирење
зачини

Подготовка

Кашата од јачмен потопете ја во водата (неколку часа или еден ден претходно), потоа гответе ја 10-тина минути. Во мелено месо додајте ја кашата и додајте зачини и обликувајте топчиња. Ѓувечот загрејте го и потоа ставете го во огноотпорен сад. Во ѓувечот додајте ги ќофтињата и печете ги во рерна загреана на 200 степени околу 20 минути. Пред крај на ќофтињата ставете изрендано сирење и запечете додека сирењето не се растопи.

torta-od-cokolade-e79c740734a6720b646c1370386b371d_header

Чоколадна торта  

Потребни состојки
За тестото
5 јајца
200 гр мелени бадеми
80 гр путер
80 гр шеќер
1 ванилин шеќер
1 прашок за пециво
2 лажици сок од портокал
200 гр чоколадо
За крем
250 мл слатка павлака
250 гр чоколадо (70 % чоколадо)
За чоколадна глазура
200 гр чоколадо за готвење
100 гр путер

Шеќерот, ванилиниот шеќер и путерот пенесто изматете го. Додајте ги жолчките, бадемите, пецивото, сокот од портокал и растепена чоколада. На крајот лесно изматете цврст снег од белките.  Смесата стаавете ја во калап (со дијаметар 26 см) обложен со хартија за печење и намачкан со масло потоа печејте во рерна загреана на 180 степени околу 50 минути.  За кремот павлаката истурете ја врз исчеканата чоколада. Мешајте додека не добиете глатка смесата. Оставете да се излади најмалку еден час. Изладената смеса измешајте ја со миксер додека не добие двојно поголем волумен. Потоа печениот пандишпан пресечете го и намачкајте го со кремот. Прелијте со чоколадната глазура која сте ја подготвиме така што на чоколадот растопено на пара ќе измешајте растопен путер.

Пријатен апетит!