вторник, 25 јули 2017  |  Вести денес: 60

Во Нетпрес кујната денеска: Домашни топли сендвичи и пијани колачи

toplisendvici

Поврзани вести

Две брзи рецепти за денешниот ручек, топли сендвичи и пијани колачиња.

Потребно:

150 гр сирење кашкавал

150 гр шунка

3 јајца

50 гр  сирење

1,5 дл кисело млеко

1 лажица мешан сув зачин

Магдонос

Сол и црн пипер

8 парчиња леб

0,5 дл млеко

Подготовка:

Кашкавал се ренда, а шунката се сечка на ситни коцки. Во измешаните јајца се додаваат кашкавалот, шунката, исечкан магдонос, сирење, зачините и кисело млеко, па се меша во густа кашеста маса. Секое парче леб кратко се натопува во млеко, и се става во намачкано тавче едно до друго.

На секое од парчињата се ставаат по 2-3 лажици од добиената смеса и се ставаат во топла рерна да се потпече. Се служат со топол чај или јогурт.

Слатки и брзи колачиња, одлични за секој ден.

Потребно:

1 чашa бело вино

1,5-2 чаши брашно

1 кора од лимон

2 чаши масло за јадење

1,5 кeсичкa прашак за печиво

Џем со вкус по желба

Кора од еден лимон

Подготовка:

Од виното, брашното и прашкот за печиво се замесува меко тесто. Потоа, се редна и кора од лимон. Се прави кора, се сече со чаша, се става џем во средината, се преклопува за да се затвори  и се пече на потивко до слабо зацрвенување. Уште топли се валкаат во шеќер во прав  и ванилин шеќер, по желба може и цимет.

Најчитани вести