Магазин

Во Нетпрес кујната денеска: Мусака од пиперки и мајмун колач

Во Нетпрес кујната денеска: Мусака од пиперки и мајмун колач

Во кујната на Нетпрес денеска се одлучивме малку да ја промениме обичната мусака од компири и мелено месо и да направиме мусака со пиперки и пилешки стек.

Состојки:

8 печени пиперки

500 гр бело пилешко месо (може и мисиркино) musaka so piperki

2 кафени лажички просо

1 праз

Зачини, бибер

Брашно + вода

Испечените пиперки и исечкнато месо со просото динстајте ги со малку праз, зачинете ги и додете малку бибер. Наредете ги во сад така што ќе ставите ред пиперка, ред месо. Прелијте ги со вода во која ќе ставите брашно и запечете во рерна на 200 степени околу 45 минути.

Пријатен апетит!

За десерт ви препорачуваме да пробате Мајмун колач, нека не ве лаже името, се работи за нешто навистина вкусно.

Состојки

Петит кекс

За кремот

½ литри млеко

8 лажици брашно majmun kolac

10 дкг шеќер

175 гр масло

1 ванилин шеќер

3 меки банани

За кремот – одвојте малку млеко во еден сад во кој што веќе сте ги ставиле брашното со шеќерот и згответе го како пудинг. Кога ќе се олади оваа смеса додетее масло или маргарин и мешајтее со миксер заедно со ванилиниот шеќере и трите омекнати банани.

Кексите натопете ги во млеко и наредети ги во тавче. Преку нив ставете половина од готовиот крем, па повторете ја постапката со кесксите. Колачот прелијте го со чоколадна глазура.

Уживајте!