Во Нетпрес кујната денеска: Паста со димен лосос и чоколадна торта

Имаме интересно мени денеска во кујната на Нетпрес, одлучивме да подготвиме паста со димен лосос и превкусна чоколадна торта.

Потребни состојки:

100 гр макарони

6 парчиња млад кромид

½ лажичка копар

75 гр крем сирење на собна температура

По вкус сол и бибер

150 гр димен лосос

Подготовка

Во поголемо тенџери ставете вода со многу сол да зоврие. Во зовриената вода ставете ги макароните да се варат, околу седум до осум минути. Додека макароните се варат, вие исечкајте го магдоносот, младиот кромид заедно со зелениот дел. Исто така исечкајте го димениот лосос.

Макароните процедете ги, но оставете четири до пет лажици од водата во која се вареа.

Во зделата во која ќе послужувате ставете ги макароните, свежо исечканите зачини, димениот лосо, водата во која се вареа макароните и крем сирењето, сето тоа добро измешајте, додате сол и бибер по вкус, уште еднаш промешајте и послужете.

bakina-cokoladna-torta-1fb342bd43bf42046c93b86797c65a49_header

По вака вкусното јадење за десерт ви предлагаме слатка чоколадна торта.

Потребни состојки:

За жолтиот пандишпан (за два)

4 јајца

4 лажици шеќер

4 лажици остро брашно

Ванилин шеќер

За темниот пандишпан (за два)

4 јајца

4 лажици шеќер

4 лажици брашно

1 лажица какао

Ванилин шеќер

За пандишпанот со ореви (за еден)

2 јајца

2 лажици шеќер

2 лажици остро брашно

8 лажици мелени ореви

Ванилин шеќер

Крем

6 јајца

12 лажици шеќер

2 кесички ванилин шеќер

50 дг маргарин

20 кг чоколадо за готвење

Рум

Подготовка

Изматете ги четирите јајца со четири лажици шеќер и ванилин шеќер, кога ќе се изматата додате четири лажици брашно и полека матете, ставете во намачкана и набрашнета тава и печете.

Вака подгответе го жолтиот пандишпан, во темниот само додадете какао, за пандишпанот со ореви само додадете ореви. По печењето оставете ги да се изладат.

Крем

Матете ги јајцата со шеќерот додека не се направат како пена, стопете го маргаринот и чоколадата и додате ја смесата од јајца и шеќерот.

Смесата ќе биде ретка и полека ќе се згуснува, кога ќе с е згусне додате рум околу две капачиња, но може и по вкус.

Потоа се редат пандишпаните жолт, темен, орев, темен, светол.

Ви посакуваме пријатен апетит!