Свет

Во Нигерија убиени 135 цивили

Во Нигерија убиени 135 цивили

Непознати напаѓачи од средината на оваа недела убиле 135 цивили во североисточниот дел на Нигерија.

Убиствата биле извшени во најмалку три одвоени напади и се соменева дека за нападите се одговорни припадниците на исламистичкото движење „Боко Харам“.

Нигериската војска покренала голема офанзива против „Боко Харам“ чии припадници се борат за воведување на шеријатот.

Од почетокот на година во насилството во регионот загинале 1.500 лица.