Во Њујорк направена најобемна трансплантација на лице

Во медицинскиот центар „Лангаун“ при Универзитетот во Њујорк е извршена досега „најобемната“ трансплантација на лице. Пластичниот хирург Едуардо Родригез на поранешен пожарникар му пресади лице од момче кое по несреќа доживеало мозочен удар.

За време на операцијата, која е извршена во август и која траела повеќе од 26 часа, 41 годишниот пожарникар, Патрик Хардисон од Тенеси доби лице од дваесет и шестгодишниот Дејвид Редибо, механичар од Бруклин.

2

Хардисон е тешко повреден во акција за гаснење пожар во 2001 година. За време на првата операција му била пресадена кожа од пределот на бутините, за да има било какво лице, но со текот на годините е опериран уште 71 пат и станал зависен од анелгетици, додека пак семејниот живот му бил уништен.

-Децата врескаа и плачеа кога ќе ме видеа, се потсетува Хардисон.

-Има работи кои се полоши од смрт, додава тој.

3

4

Операциите за пресадување на лице не се чести, но во изминатите години сепак се извршени неколку ширум светот.