Во Њујорк претставен смартфонот Samsung Galaxy Note 9

© REUTERS/Lucas Jackson

Паметниот телефон Samsung Galaxy Note 9 беше претставен на церемонија во четвртокот во њујоршкот „Barclays Center“, на која претставникот на јужнокорејскиот технолошки гигант Дру Блекорд истакна дека новиот производ има 16-сантиметарски екран, најголемиот некогаш користен во серијата Note.

Смартфонот со опертивниот систем Android 8.1 Oreo е засилен со „моливот“ S-Pen со функција на далечински управувач на камерата, репродукција на музика и други функции, како и сензор за читање на отпечатоци на задниот панел.

Според Блекорд, овој уред има вградена меморија од 128 GB или 512 GB. Со користетњето на мемориската картичка microCD, меморијата од 512 GB може да се зголеми дури до 1 терабајт. Капацитетот на батеријата изнестува 4000 mAh, што според компанијата „претстаува најобемната батерија во целата линија смартфони Note“. Новиот производ ќе биде со корпус во сина, виолетова и бакарна боја.

Како што нагласи на презентацијата претседателот на „Samsung Mobile“, ПиЏеј Ко, претставениот модел „ги комбинира брзината на обработката на информациите, квалитетот на сликата и зголемениот капацитет на батеријата“. Особено внимание, според него, била дадена на заштитата на личните податоци на корисниците.

„Имајќи ги предвид слабите финансиски показатели за изминатиот квартал, компанијата Samsung беше посветена на тоа новиот паметен телефон да биде многу поимпресивен од моделот Galaxy S9. Претставувајќи го Note 9, својот водечки фаблет со стилус (моливот), компанијата се фокусира на аспектите, како што се димензиите на екранот, подобрените функции на стилусот и зголемен капаците на батеријата“, забележува интернет порталот The Verge, специјализиран за новините во електрониката за широка потрошувачка.

Првите нарачки за новиот модел, според интернет-порталот, ќе започнат да се примаат од петокот 10-ти август, а од 24-ти август уредот ќе биде достапен преку најголемите американски компании за мобилни комуникации. Според агенцијата Associated Press, цената на новиот смартфон ќе изнесува од илјада до 1.250 долари, во зависност од големината на меморијата.