Магазин

Во Њујорк пустоши нова дрога К2 – Одат голи и мислат дека се семоќни

Во Њујорк пустоши нова дрога К2 – Одат голи и мислат дека се семоќни
Во Њујорк пустоши нова дрога К2 - Одат голи и мислат дека се семоќни

Полицијата во Њујорк се бори на улиците со нов вид на дрога, синтетичка марихуана која се вика К2, а која на корисниците има такво психолошко влијание, што им дава чувство на надчовечка сила. Освен тоа, го зголемува чувството на топлина, одосносно температура, па оние кои земале таква дрога обично шетаат голи.

Поради тоа што е евтина, овој вид на наркотик е особено популарен меѓу бездомниците, а тоа на полицијата дополнително и ја отежнува работата.

Кога се под влијание на К2, луѓето се релативно нечувствителни на болка и имаат чувство на неверојатна сила, па самите се изложуваат на можни пповреди, вели Бил Братон, од њујоршката полиција.

Полицијата објави и снимки од двајца мажи кои се соблечени голи. Еден клекнал сред улица и лупа поасфалтот, додека другиотсо рака удира по ограда. Тројца полицајци морале да ги совладеат.

Синтетичката марихуана, К2, не е проблем само во Њујорт, туку веќе има и случаи во Австралија. Се произведува од хемикалии кои имаат сличен ефект на ТХЦ, се мешаат со тревки и се продаваат спакувани во пакетчиња со дреќливи бои. Веќе се забележани и неколку смртни случаи.