Во Њукасл жена со возило влетала во минувачи кои го прославувале Рамазан Бајрам

Британската полиција уапси 42-годишна жена којашто во северниот град Њукасл во неделата влетала со автомобил во луѓе кои го одбележувале муслиманскиот празник Рамазан Бајрам, но овој инцидент во кој се повредени шест лица не е карактеризиран како терористички напад.

Автомобилот се залетал во луѓе кои се собрале кај спортскиот цента „Вестгејт“. Екипи на Итната медицинска помош се упатени на местото на несреќата, соопшти полицијата додавајќи дека се верува овој инцидент не е поврзан со тероризам.

Во групата луѓе главно биле муслимани кои го одбележувале празникот Рамазан Бајрам, се наведува во соопштението.

Автомобилот влетал во грипата луѓе спроти џамијата во Њукасл-апон-Тајн, во североисточна Англија, пишува весникот The Daily Mail.

„Полицијата поведе истрага со цел да се појасни што се случило, но во моментов не сметаме дека овој инцидент е поврзан со тероризмот“, се наведува во соопштението на грофовијата Нортумберлен.

„Полицијата привела 42-годишна жена, која во моментов се наоѓа во полициска станица“, се додава во соопштението.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.