Во ноември невработеноста во Грција достигна 28 отсто

Во ноември 2013 година невработеноста во Грција продолжи да расте, достигнувајќи 28 отсто, пренесе „АФП“ повикувајќи се на Грчката статистичка служба.

Во ноември 2012 година невработеноста во земјата била 26,3 отсто. На месечна основа, пак, бројот на невработените Грци е зголемен за 0,3 отсто.

Во 11-тиот месец на 2013 година младинската невработеност изнесувале 61,4 отсто, со што ја надмина повторно границата од 60 отсто, откако во октомври нивото беше намалено на 57,9 отсто.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.