Во новите случаи на малолетничка бременост нема злоставување

Само неколку дена по скандалот со сексуално злоставување на 13-годишно ромско девојче, штитеничка на државната институција за згрижување деца „25 Мај“ во Скопје, уште две малолетнички од овој дом останале бремени.
Ова го потврдија и од Министретсвото за труд и социјала, но посочија дека во последните два случаи не се работи за злоставување, како претходниот, штитеничките биле своеволно во врска со штитеници од домот.

Едното девојче, кое одлучи да  ја прекине бременоста, има 15 години. За тоа е информирана нејзината мајка, и таа во моментот е кај неа. Другото девојче има 17 години и реши да не абортира. Таа кога ќе се породи веќе ќе има 18 години и во моментот е кај своот татко, велат од Министертвото за труд и социјална политика.

Во моментот, министертвото има пратено инспекција во домот „25 Мај“ да го истражува случајот со злоставувањето на 13 годишното девојче, кое пред неколку дена мораше да абортира.

Според досегашните информации, кога  девојчето првично исчезнало од домот минатата година,  одговорните лица не го пријавиле нејзиното исчезнување ниту во полиција, ниту на нејзините родители. Според нејзиното сведочење, таа  била принудно земена од постар маж од институцијата, кој со возило ја одвел во неговиот дом во друг град. Таму, таа била принудена на сексуални односи и физичка работа. Успеала да избега по 30 дена и да се качи на автобус за Скопје каде полицијата ја нашла на Бит-пазар“.

Кога ги пријавила овие злоставувања кај згрижувачите од државната институција, била обвинета дека лаже.

Злоставувања, насилста и честите исчезнувања на штитениците од домовите за згрижување на деца, се реални пробеми за кои досега ниту една надлежна институција не се заложила за нивно сериозно и системско решавање.

Повеќе од очигледно е запставувањето на грижата на овие деца и покрај тоа што за секое дете, постои социјален работник од општината од која доаѓа, кој треба да се грижи за него и да му помогнe да се справи со сите стресни ситуации со кои се соочуваат во нивниот живот.

Сепак, неминовна е одговорноста на надлежните кои потфрлија во системот за грижа на овие надецата.

Вчера, Министертсвото за внатрешни работи излезе со соопштение дека 18-годишник од Велес со иницијали Е.Х. е силувачот  на штитеничка на домот „25 Мај“, поради кој Р.И. во ноември заврши хоспитализирана во бесознание во Општата болница во Велес. Но, полицијата дури по четири месеци поднесе кривична пријава против него, откако силувачот го признал делото.

Уште поскандалозен е фактот што првото исчезнувањето на ова девојче од домот е регистрирано уште пред две години, а станува збор за девет  исчезнувања. Таа досега била повеќе пати силувана, а досега не е покрената никаква постапка за тоа, освен за последниот случај. И од Основното јавно обвинителство засега молк.

Змијанац: „25 Мај“ е регрутен центар за малолетничка проституција

Драги Змијанац, претседател на Првата детска амбасада во светот МЕЃАШИ, домот „25 Мај“, во дебатна емисија на Тв Телма, го нарече регрутен центар за малолетничка проституција што трае со години.

Според него недостига кривична одговорност, а Јавниот обвинител не треба да чека дојава за да поктене постапка. Исто така и  народниот правобранител треба да ги преземе поструктурирано работите, а не само да алармира туку и да преземе кривично гонење.

Тоа што се споени „Ранка Милановиќ“ и „25 Мај“ е дефект. Од една страна имаме  деца со проблематично однесување, од друга,  деца со воспитно социјално проблеми. Јас не ги аманестирам од лична одговорност министерката, директорот на Центарот за социјални рааботи, директорот на домот. Сосотојабата во „25 мај“ се сучува во   континуитет, односно подведување на децата од вработените, проституција… И се’ додека нема одговорност ова ќе се повтрорува, посочи Змијанац.