Во Ново Село полицијата привела и малтретирала активисти вклучени во изборната кампања

Хунтата на СДС ја киднапира правната држава и суспендира владеењето на правото. Нервозата од неизбежниот пораз на СДСМ се очигледни и затоа нивното дивеење и притисоци продолжуваат и оваа вечер, се вели во соопштението што во понеделникот ноќта го издаде ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата инфрмираат дека во Ново Село се приведени од полицијата и малтретирани активисти на ВМРО-ДПМНЕ кои биле вклучени во изборната кампања.

„Ова е само продолжување на практиката на политичка хајка која се води кон ВМРО-ДПМНЕ кoja e израз на стравот и паника од поразот кој ги очекува. Ова е обид да се избега од вистинските скандали поврзани со тендерите кој сам вицепремиерот Кочо Анѓушев си ги додели на својата фирма, за скандалот со енормната дисперзија на бизнисите на кланот Заеви и фактот што станаа сопственик на цела една Фабрика ‘Герас Цунев’ по цена колку една гарсоњера од 20 квадрати, за тоа што партиската полиција на СДС ја киднапира државата и на бандитски начин заплашува кандидати за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ, за тоа што просечната плата наместо да расте опаѓа, извозот паѓа и расте сиромшатијата“, стои во партиското соопштение.