Крими хроника

Во обид да спречат тепачка, полицајци изеле ќотек

Во обид да спречат тепачка, полицајци изеле ќотек

Вчера околу 17.30 во Тетово по пријава за нарушен јавен ред и мир, биле забележани двајца тетовци А.Ј. (27) и Б.З. (34) како физички се пресметуваат.

Полицајците кои дошле на лице место, се обиделе да ги разделат и лишат од слобода, при што А.Ј. (27), Е.Ј. (27) и А.Ј. (53), сите од Тетово ги спречиле полицајците во извршување на својата службена должност, при што ги туркале во пределот на градите, ги влечеле за рацете, а потоа се дале во бегство.

Лицето Б.З. е привден во станица, а останатите биле повикани на разговор.

По целосно документирање на случајот, против истите ќе биде поднесен соодветен поднесок.