Балкан

Во областите на Солун и Пелопонез прогласена вонредна состојба поради поплавите

Во областите на Солун и Пелопонез прогласена вонредна состојба поради поплавите

Во областите на Солун и Пелопонез прогласена е вонредна состојба поради поплавите предизвикани од дводневните поројни дождови, јави агенцијата АНА.

На состанокот во градот Каламата, на кој присуствуваше владина делегација, одлучено е да се преземат вонредни мерки.

timthumb

Досега во поплавите животот го загубија четири лица, а едно се смета за исчезнато.

Спасувачките тимови успеаа да извлечат 24 лица во Солун, 29 се спасени во Лаконија и 21 во Месинија.