Во Обреновац се шири неподнослив мирис

Во Обреновац продолжи чистењето на градот, санација и дезинфекција на теренот која ја вршат припадниците на војската. Во тек е  и поправката на главниот колектор за фекална канализација.

Тој колектор е оштетeн на две места, а пристигнале специјални цевки од Германија кои ќе помогнат да биде оспособен.

Претседателот на општината Мирослав Чучковиќ изјави дека не може да прецизира колку ќе биде потребно за колекторот повторно да проработе со што би се овозможило функцинирање на системот на канализацијата.

Во Обреновац во одредени делови од градот и понатаму има вода која не може да истече, а непријатен мирис се шири од сегде. Жителите кои ги чистат домовие и локалите носат заштитни маски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.