Во очекување на Новата година, делчевец се лизнал, ја удрил главата во ѕид и починал

Трагично згаснал животот на 73-годишен делчевец, кој во периодот околу настапувањето на новата година, дома се лизнал или се сопнал, удрил со главата во ѕид и починал, соопшти МВР.

Во неговиот дом на улицата 11 Октомври во Делчево вчера во 9 часот бил пронајден мртов Славе Д.(73). Полицијата вели дека починатиот бил под дејство на алкохол во времето кога се случил инцидентот.

Лекар од Брза помош ја утврдил смртта и констатирал дека нема траги на насилство на телото на починатиот, а по извршениот увид, телото е предадено на семејството за погреб.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.