Во одрон во Кина загинаа 19, а повредени се две лица

Во одрон кој ги затрупа спалните на работниците кои работат на изградба на авто-пат на североистокот на Кина, загинаа 19 а повредени се две лица, изјавија денеска официјални лица.

Одронот затрупа осум монтажни бараки во регионот Ганкуан во провинцијата Шанси.

Загинале девет лица, а десет настрадале по неуспешниот обид на спасувачите да дојдат до нив, пренесува кинеската новинска агенција Синхуа.

Во планинските региони на Кина каде што поради изградба на патиштата е уништена вегетацијата често се случуваат одрони.