Во одрон во швајцарските Алпи исчезнаа 14 луѓе

Четиринаесет лица најверојатно ги загубија животите во швајцарските Алпи во налет на несекојдневен порој од кал кој се урнал од планината уништувајќи дела од селото Бондо, во близина на границата со Италија, соопшти полицијата во четврртокот.

За осуммина германски, австриски и швајцарски излетници „засега не се знае каде се наоѓаат“, наведува полицијата на швајцарскиот кантон Граубуенден.

Австриското министерство за надворешни работи објави дека меѓу исчезнатите има и брачна двојка. Швајцарскиот весник Blick пренесува дека, исто така, не е познато каде се наоѓаат четворица Германци и двајца Швајцарци.

Покрај тоа, во несреќата им се губи трагата на уште пет или шест лица, изјавил началникот на полицијата на Гаубуенден, Андреа Моитнер на прес-конференција, повикувајќи се на изјава на член од нивното семејство. Митнер додаде дека таа информација сѐ уште се проверува.

Потрагата е засилена во доцните попладневни часови и властите воспоставија зона на забрана за летање во круг од пет километри за да им ја олеснат работата на спасувачките екипи кои се обидуваат да ги лоцираат излетниците и алпинистите.

Дневниот весник Blick, повикувајќи се на портпаролот на полицијата, пишува дек областа во којашто се трага не е целосно покриена со мобилен сигнал.

„Се надеваме дека тоа е причината поради којашто не можевме да стапиме во контакт со исчезнатите лица. Спасувачи сега се обидуваат да ги лоцираат алпинистите од воздух во дадената област“, изјавил портпаролот Маркус Валзер.

Несреќата се случила во средата околу 9,30 часот по средноевропско време. Големо количество камења и кал , кое се проценува на 4 милиони квадратни метри, се откачило од Пица Сенгал и се урнало во долината зад селцето Бондо, во близина на италијанската граница, изјавил Марин Кеице од Управата за шуми и природни катастрофи на кантонот.

Полицијата веднаш стапила во евакуација на селото, во случај да дојде до нови одрони и потоци од кал. Евакуирани се стотици луѓе, некои со хеликоптер. Евакуирани се и два планинарски дома.

Оштетени се и уништени дванаесет објекти, од кои пет во Бондо, се наведува во соопштението на полицијата. За сообраќај е затворен и главниот патен правец од Стампа во Кастасења, на југот од кантонот Гаубуенден.

Швајцарската сеизмолошка служба наведува дека уривањето на камењата и карпите што го поттикнало камениот поток било толку силно што предизвикало „вибрирања на почвата“ коишто сеизмографите го регистрирале во „цела Швајцарија“. Ова траело околу три минути и имало моќноста на сила на потрес со магнитуда 3 според Рихтер.

Властите со години „очекувале ваква несреќа“, имајќи предвид дека уривањето на карпите во оваа област се регистрирани од 2011, 2012, 2016 и на 21 август 2017 година, се наведува на интернет страницата на швајцарската сеизмолошка служба.