сабота, 29 јули 2017  |  Вести денес: 22

Во Охрид и Дебрца изборниот процес почна навреме

Сите 88 гласачки места во општина Охрид се отворени навреме и гласањето на предвремените парламентани избори се одвива непречено и во демократска атмосфера.

охрид

Поврзани вести

Тоа го соопшти Општинската изборна комисија, од каде  истакнаа дека гласањето почнало според предвиденото, во седум часот изутрина, на сите гласачки места, и изборниот процес засега се одвива без какви било неправилности.

Идентична е ситуацијата и во општина Дебрца каде точно од седум часот изутрината се гласа на 28 избирачки места.

На територијата на општина Охрид право на глас имаат 50.203, а во Дебрца 4.493 граѓани.

Најчитани вести