Македонија

Во Охрид превентивно запрашување против комарци

Во Охрид превентивно запрашување против комарци

Согласно препораките на Државниот санитарен и здравствен инспекторат и Комисијата за заразни болести за превенција од вирусот „Зика“ во Република Македонија, Охридската локална самоуправа и Центарот за јавно здравје од Охрид ќе спроведат теренско запрашување против комарци.

Дополнително до почетокот на летото ќе се спроведат уште две такви теренски запрашувања против комарци долж брегот на Охридското Езеро.

Освен теренското, пред почетокот на летната туристичка сезона се очекува да биде спроведено и авио-запрашување против комарци, што го реализираат ресорните министерства за здравство и за транспорт и врски.