Во Охрид свеченост по повод Денот на македонската револуционерна борба

Општина Охрид со пригодна свеченост вечерва ќе го одбележи 23 октомври – Денот на македонската револуционерна борба.

Во рамки на свеченоста што ќе се одржи со почеток од 20 часот во Големата сала на Центарот за култура „Григор Прличев“ предвидена е пригодна културно-уметничка програма со настап на хорот при  ОСУ „Св. Климент Охридски“,  Aнсамблот  „Билјана Јуниор“, виолинистот Игор Бежаноски, кои ќе изведат преработки на познати револуционерни песни.

Предвидено е да настапат и учениците од рецитаторската секција од охридската гимназија со извадоци од поемата „Македонија” од Анте Попоски, актерот Ивица Цонев ќе ја рецитира песната „Македонијо кога ќе те по македончиме” од Радован Павлоски, а манифестацијата ќе биде заокружена со настап на Танцовиот клуб „Соната“ на  „Со маки сум се родила” и Мизар-модератор.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.