недела, 15 јануари 2017  |  Вести денес: 0

Во Охрид утре ќе се одржи Меѓународен атлетски маратон

Стартот на трката долга 30 километри е предвиден за утре во 10 часот од кај караулата во Свети Наум, додека првите маратонци на целта на Кејот на Охридското Езеро во Охрид ќе пристигнат некаде 1:40 часа подоцна.

маратон11

Последни вести

Повеќе од 110 маратонци, од кои петнаесетина жени, досега пријавиле учество на традиционалниот меѓународен Охридски атлетски маратон што традиционално се одржува на 8 септември – Денот на независноста на Република Македонија.

Стартот на трката долга 30 километри е предвиден за утре во 10 часот од кај караулата во Свети Наум, додека првите маратонци на целта на Кејот на Охридското Езеро во Охрид ќе пристигнат некаде 1:40 часа подоцна.

Од организацискиот одбор најавуваат дека маратонот ќе се трча независно временските услови, што не се баш поволни за маратонска трка оттаму што во регионот се уште интензивно врне дожд.

Охридскиот атлетски маратон е еден од потешките поради специфичната конфигурација на теренот, но од друга страна тој е исклучително атрактивен токму поради фактот што речиси постојано во текот на трката атлетичарите трчаат долж самиот брег на езерото.

Според организаторите на трката, наградниот фонд за маратонот е мошне скромен, односно изнесува 800 евра за најдобриот, 400 за второпласираниот, како и 200 евра за третопласираниот маратонец. Во женска конкуренција наградите изнесуваат 500, 250 и 100 евра соодветно. Предвидени се и награди за најдобрите макеонски маратонци, како и награда за евентуално соборен рекорд на патеката.

Инаку, самиот маратон се одржува во Охрид од 1976 година, а се до 1993 година на 7 ноември – Денот на ослободувањето на градот во Втората светска војна. Од 2004 година наваму маратонот добива меѓународен предзнак, и со исклучок на 2011 година, се одржува секоја година по повод Денот на осамостојувањето на РМ.

Рекордот на трката го држи Борислав Девиќ од СР Југославија, постигнат во 1993 година, со време 1:39:13. Кај жените рекордот и припаѓа на Кенијката Ребека Џепширшир Корир (1:48:12) постигнат на ланското маратонски издание.

Најчитани вести