четврток, 27 јули 2017  |  Вести денес: 9

Во Охрид засилени мерки за регулирање на пофреквентниот сообраќај

Од СВР Охрид апелираат до граѓаните на поголема кооперативност во нашите напори за одржување на беспрекорна состојба во сообраќајот, користење на возилата и нивно паркирање пред сѐ во центарот на градот при неопходни потреби

ohrid soobrakaj

Поврзани вести

Со засилени мерки, со доследна и неселективна примена на законските овластувања, деновиве СВР Охрид успешно го решава зголемениот интензитет на патнички и други моторни возила и интензивната сообраќајна фрекфенција во Охрид, пред сѐ, во централното градско подрачје.

Во периодот кога Охрид, го живее туристичкиот шпиц и кога на сообраќајниците нагласено е присуството на патнички и други возила, полициската станица за безбедност во патниот сообраќај, постојано врши превентивни а во исклучителни ситуации и репресивни мерки, со цел одржување на беспрекорен сообраќај во шпицот на овогодишната туристичка сезона.

Во таа насока, полициските службеници се постјано присутни на терен, внимателно ги следат состојбите на сообраќајниците низ градот и соодветно и навремено реагираат на сите ситуации кои би можеле да предизвикаат значително оптоварување и застој во нормалното одвивање на сообраќајот, да го нарушат системот на редовно сообраќајно функционирање и да го превенираат и санкционираат однесувањето на сите учесници во сообраќајот што е спротивно на прописите и одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Во текот на минатата седмица, откако бележиме значително зголемување на патнички и други моторни возила низ сообраќајниците во градот а посебно во централното градско подрачје, полициската станица за безбедност во сообраќајот на патиштата Охрид, изврши стотина превентивни укажувања за сторен прекршок и исто толку предупредувања на учесници во сообраќајот но и достава на исто толку покани за сообраќајни поуки.

Во услови кога немало друга можност и решение, полициските службеници во 15 случаи, со специјално возило ткн „пајак“, извршиле подигање на патнички автомобили непрописно оставени и паркирани на коловозни и други несоодветни места за таа намена. Најголемиот дел од нив, вкупно осум, се подигнати од плоштадот „Св.Климент Охридски“, кеј „Македонија“, плоштад „Крушевска Република“ и на улицата „Коста Абраш“ кај хотел „Александрија“. Останатиот дел непрописно паркирани и оставени возила се подигнати од булеварот „Туристичка“, улиците „7 ноември“ и „Стив Наумов“, како и на патот пред плажа во комплексот „Славија“ и кадиолошкиот завод. По основ на овие но и по други основи од Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата, изречени се вкупно 24 мандатни прекршочни платни налози.

Сите активности на полициските службеници се преземени според однапред утврден план за работа, според кој, полициската станица мерките ги презема самостојно но и во соработка со други надлежни субјекти. Врз основа на тоа, во изминатава седмица, мерки биле преземени во координација со Државниот и општинскиот инспектор по патен сообраќај. Заедничките контроли биле поврзани во врска со превоз на лица , стоки и опасни материи но и на возила кои вршат јавен превоз на патниц (сезонски превоз, општински линиски превоз и такси превоз). По овие основи, биле извршени 16 контроли при што биле констатирани пет прекршоци, а едно возило било исклучено од сообраќај.

Од СВР Охрид апелираат до граѓаните на поголема кооперативност во нашите напори за одржување на беспрекорна состојба во сообраќајот, користење на возилата и нивно паркирање пред сѐ во центарот на градот при неопходни потреби. Така, ќе обезбедиме поголема и побрза проодност во сообраќајот, повеќе паркинг места и елиминирање на состојбите со непрописно паркирани возила.

СВР Охрид, преку полициската станица за безбедност во сообраќајот на патиштата како и преку другите надлежни слуќби, и во наредниот период ќе врши засилени мерки за одржување на стабилна безбедносна состојба во сообраќајот но и во јавниот ред и мир, со цел задржување но и натамошно подигнување на севкупната поволна безбедносна состојба во Охрид и на целото подрачје. СВР Охрид е професионална полициска организација која своето работење го темели исклучиво врз основа на законските овластувања и секогаш во интерес на безбедноста и сигурноста на граѓаните.

Најчитани вести