Во октомври издадени 291 одобрение за градба

градба

Според податоците на Државниот завод за статистика, предвидената вредност на објектите за кои е издадено одобрение за градба изнесува 2,824 милијарди денари што е за 44,1 отсто помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 187 или 64,3 отсто се наменети за објекти од високоградба, 36 (12,4 отсто) за објекти од нискоградба и 68, односно 23,3 отсто за објекти за реконструкција.

Од вкупно 291 објект, на 193 (66,3 отсто) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 98 (33,7 отсто) инвеститори се деловни субјекти.