Во операција на истанбулската берза уапсени 62 лица

Труските власти привеле 62 лица во петокотутрото осомничени за поврзаност со неуспешниот обид за воен преврат од 15 јули 2016 година, во операција изведена на берзата во Истанбул.

Апсењата, како што пренесува новинската агенција Anadolu, се изведени во шест различни покраини, и притоа издадени се стотина налози за апсење, а операцијата породлжила и до раните попладневни часови.

Властите ги сомничат овие лица за поврзаност со мрежата на исламистичкиот проповедник Фетула Ѓулен, поранешниот близок политички соработник на турскиот претседаетл Реџеп Тајип Ердоган, а сега негов огорчен противник.

Имамот, кој од 1999 година живее во доброволен егзил во американската сојузна држава Пенсилванија, официјална Анкара го обвинува за формирање „паралелна држава“ во владините структури во одбраната, превосудството и образованието, како и дека стои зад неуспешниот пуч на фракција во турската армија од минатото лето.

Дневниот весник Haberturk во своето електронско издание истакнува дека приведените се поранешни вработени на берзата во Истанбул и се осомничени дека имале пристап до шифрираната апликација за размена на пораки ByLock, којашто според турската истрага било средство на комуникација меѓу пучистите.

Обвинети се и за трансакции во полза на банката „Bank Asya“, блиска на Фетула Ѓулен, којашто ја загуби лиценцата по беуспешниот државен удар.