Во општина Илинден промовирана Антологијата на балканската поезија

Во рамките на литературната манифестација “Илинден 2015“, во Домот на културата на општината,беше промовирана Антологијата „Светиот пат“ поезија од балканските народи што ја приреди македонскиот поет и литературен критичар Раде Силјан.

promocija 2

 

За овој значаен книжевен проект говореа проф. д-р Стефан Влахов Мицов и писателот Паскал Гилевски, а стихови читаа артистот Антонио Павловски и поетите Иван Чаповски, Гордана Михаилова Бошњаковска, Ефтим Клетников, Веле Смилевски, Ристо Лазаров и Санде Стојчевски.

promocija 3

Во антологијата “Светиот пат“ застапени се двесте и шест автори од дванаесетте балкански држави: Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Грција, Косово, Македонија, Романија, Словенија, Србија, Хрватска, Турција и Црна Гора.