Во Општата болница во Куманово промовирана нова опрема

Тодоров изјави дека на годишно ниво од Куманово во Скопје се испраќаат околу 1.200 пациенти, од кои половина биле упатувани за дијагностика во делот на неврологијата.

-Набавен е нов апарат за ЕМГ, кој веќе е ставен во функција и за наредната недела закажани се првите пациенти. Најмалку 600 пациенти кои досега биле упатувани во Скопје ќе можат да ја добијат оваа услуга во Куманово, што е многу значајно и за пациентите и за докторите, рече Тодоров.

Информираше дека е ставен во функција и апарат за биохемиската лабараторија, кој ќе почне да функционира наредната недела.

– На тој апарат ќе се работат двојно повеќе анализи од тоа што досега се работело, ќе можат да се воведат нови методи кои претходно не биле воведени и за коишто пациентите се испраќале во други здравствени установи, посочи министерот.

Нагласи дека претходно е набавена нова опрема во хируршкото одделение, со што е зголемен бројот на операции од 600 на 1.200 операции, што претставува двојно зголемување на број на интеревенции или како што појасни, двојно помалку пациенти кои се препраќаат за Скопје.

Директорот на болницата, Ариф Латифи се забалагодари за апаратите и помошта која Министерството ја пружа на Општата болница Куманово.

Началникот на одделнието за хирургија, Методија Димковски информираше дека претходно набавени се генератор за фузирање на крвни садови кој значително ја олеснува работата на хирургот, а на пациентот му пружа поголема безбедност при работа.

Посочи дека добиле и една дупчалка за коскена хирургија која што е неопходна кога се работат скршеници и протези.

– На одделението набавени се и друг вид на опрема и апарати со кои се зголемува бројот на услуги кои се пружаат на пациентите во Куманово, рече Димковски и додаде дека имаат извонредна соработка со хируршките клиники од Скопје.

Вкупната вредност на новата апаратура во Општата болница во Куманово изнесува 10 милиони денари.