Во организација на УМС на ВМРО – ДПМНЕ, Конференција на Советот на подмладокот на ЕПП

Во организација на УМС на ВМРО – ДПМНЕ 50 млади лидери ќе креираат младински политики. Конференцијата на Советот на подмладокот на Европската народна партија годинава се одржува во Скопје. Конференцијата започна вчера, а ќе трае до недела.

Педесет млади лидери од Европа ќе дебатираат на темата што ќе се однесува на младите и развојот. Настанот е во организација на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, а спонзориран од фондацијата Конард Аденауер и на Wilfried Martens Center for European students.

Вечерва ја започнавме конференцијата и тука во Скопје во наредните неколку денови 50 учесници од 36 различни земји ќе учествуваат во креирање на младински политики. На овој настан ќе опфатиме повеќе теми кои што се интересни за младите, како што е вработувањето, образованието, инфраструктурата на локално ниво кои се однесуваат на младите и слично. Оваа конференција ние како EDS и Унија на млади сили ќе предложиме една заедничка резолуција која што ќе биде изгласана на одборот и ќе биде предложена до Европската народна партија се со цел да се стимулираат младинските политики на европско ниво, појасни претседателот на УМС на ВМРО – ДПМНЕ Владимир Нелоски.

Во организација на УМС на ВМРО – ДПМНЕ, Конференција на Советот на подмладокот на ЕПП
Во организација на УМС на ВМРО – ДПМНЕ, Конференција на Советот на подмладокот на ЕПП

За оваа конференција, додаде Нелсоки, Унијата на млади сили работела речиси 2 и пол години за ова лето на последниот состанок  на Советот било одлучено настанот да се одржи во Скопје.

Претседателот на фондацијата Конард Аденауер во Македонија, Јоханес Рау подвлече дека со Унијата на млади сили се договориле дека во следните години ќе се интензивира нивната работа, а овој настан е почеток на тој договор.

Во организација на УМС на ВМРО – ДПМНЕ, Конференција на Советот на подмладокот на ЕПП
Во организација на УМС на ВМРО – ДПМНЕ, Конференција на Советот на подмладокот на ЕПП

Господинот Бизмарк еднаш рекол: Политиката е уметност на возможното. Токму затоа младите генерации ќе мора да најдат соодветни решенија за нивната иднина и за иднината на нивната држава. Овој настан е под насловот „Младите и развојот“ . Темата за политичка едукација   за мене била отсекогаш многу значајна, особено кога станува збор за вас, младите генерации. За мене младите луѓе се најголемиот капитал на општеството. Иднината лежи во ваши раце, порача Рау.

Генералниот секретар на подмладокот на Европската народна партија, Иван Буразин, се заблагодари на УМС на ВМРО-ДПМНЕ што го организираа овој настан на кој ќе се зборува за многу значајни теми за младите во Европа.

Во организација на УМС на ВМРО – ДПМНЕ, Конференција на Советот на подмладокот на ЕПП
Во организација на УМС на ВМРО – ДПМНЕ, Конференција на Советот на подмладокот на ЕПП

Гостопримството и организацијата се на високо ниво, токму онака како што очекувавме. Она што се зборува за гостопримството  во Македонија е навистина точно, но тоа дека Унијата на млади сили е навистина силна организација, посочи Буразин.

Претеседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Нелсоки ја истакна честа што се домаќини на овогодинешниот централен настан на подмладокот на Европската народна партија и подвлече дека соработката која датира години наназад ќе продолжи и во иднина.