Македонија

Во осум сообраќајки во Скопје, осуммина повредени

Во текот на изминатиот ден на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно осум сообраќајни незгоди.

Од нив, две се со последица материјална штета и шест се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле тројца возачи на патничко моторно возило, еден сопатник, двајца пешаци, еден велосипедист и еден возач на мотоцикл.

Во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се 25 пешаци кои поминале вон обележан пешачки премин или, пак, поминале на црвено светло на семафорите, 14 возачи кои не го користеле сигурносниот појас или го користеле мобилниот телефон за време на управување со возилото, како и 10 возачи кои не отстапиле првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин или го управувале возилото под дејство на алкохол, односно поминале на црвено светло на семафор.

Со помош на специјалното возило „пајак“ во текот на изминатите 24 часа од страна на сообраќајната полиција отстранети се 76 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

Денеска Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај ќе одржи сообраќајна поука со почеток во 19 часот во просториите на Полициската станица од општа надлежност Гази Баба на која ќе присуствуваат граѓани учесници во сообраќајот коишто сториле прекршоци  по разни основи во својство на пешаци.

Денеска Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај при СВР Скопје ќе одржи едукативни активности во ОУ „Герг Кастриоти Скендер-бег“ со учениците од четврто одделение.

Денеска со почеток во 9 часот и 30 минути на кејот на реката Вардар кај црквата „Св. Јован крстител“, под мостот „Близнак“ ќе се одржи тестирање на вежбовен модул во рамките на проектот за спасување од поплави „Вардар 2015“ и во 12 часот во организација на Средношколски пленум и Студентски пленум ќе се одржи студентски марш по сообраќајниците во централното градско подрачје. Од сообраќајната полиција апелираат до возачите да бидат трпеливи, да ги почитуваат сообраќајните знаци и наредбите коишто ќе ги даваат полициските службеници.