Македонија

Во овие места водата е неисправна за пиење

Во овие места водата е неисправна за пиење

ЈЗУ Центар за јавно здравје од Кочани ги предупреди корисниците на селските водоводи во селата Град и Разловци во Општина Делчево дека по извршените испитувања е констатирана неисправност на водата за пиење.

Извршените анализи покажале дека и водите од јавните чешми во селата Стамер и Град и во месноста Пустевски ендек не се за пиење и готвење.

Водата од градскиот водовод во Делчево на кој се приклучени и населбите Звегорска река и Тработивиште, според резултатите од анализите на Центарот за јавно здравје од Кочани е исправна.

Надлежните органи им препорачаа на жителите од Разловци, Град и Стамер за пиење да користат флаширана вода.