Во овие земји негирањето на религијата е казниво со смрт

Во годишниот извештај на организацијата Слобода на мислата и Меѓународната хуманитарна организација етичка унија, објавен кон крајот на април, посочени се 13 држави во кои негирањето на одредување на религијата или отфрлање на религијата се казнува со смрт.

Во извештајот се посочува дека во секоја од посочените 13 држави мнозинството население се припадници на исламската вероисповед, пренесува Танјуг.

Авганистан, Иран, Малезија, Малдиви, Мавританија, Нигерија, Пакистан, Катар, Саудиска Арабија, Сомалија, Судан, Обединети Арапски Емирати и Јемен се земји со радикални закони кои се однесуваат на сите видови негирање на религијата.

Сите овие држави со исклучок на Пакистан имаат смртна казна за негирање на верата и религијата, додека во Пакистан предвидена е смртна казна за богохулење.

Во извештајот се наведува дека најслободни земји, кога атеизмот е во прашање се Јамајка, Уругвај, Јапонија, Тајван и Белгија.