Во овој град се раѓа и се шири епидемијата на вирусот Зика

Eпидемијата на вирусот Зика во Бразил се повеќе се шири. Новото жариште е на само два километри од аеродромот, каде за помалку помалку од половина година ќе слетаат некои од најпознатите спортисти во светот и околу половина милион туристи.

Фавела Комплексо де Мар, еден од најголемите т.н. сиромашни градови во Бразил. Оваа фавела, која зафаќа повеќе од 5.000 квадратни километри се наоѓа во близина на автопатот што води до аеродромот. До легендарниот стадион Маракана, каде што ќе се одржи церемонијата на отворањето на Олимписките игри, има само 22 километри.

zika-brazil-2

Токму на ова место вирусот Зика се шири со неверојатна брзина, а мерки на претпазливост, речиси е невозможно да се преземат. Жителите на овој град ги посетуваат неколку инспектори. Нивната работа е секој ден да одат од врата до врата и да им се објасни на жителите на комплексот за начините на кои можат да се заштитат.

zika-brazil-3

Сега за сега, не постои апсолутна заштита. Експертите предлагаат е да не се излегува на улица без долги ракави или долги панталони и колку е можно помалку од кожата да биде разголена. Сепак, и покрај сите предупредувања на бројот на заболени во овој дел на Рио расте толку брзо што секој ден 60 луѓе велат дека ги имаат симптомите на вирусот.

Ние го правиме она што можеме да ги информираме луѓето за опасностите и начините на кои тие можат да се заштитат себе си, но се плашам дека за сето тоа е малку предоцна. Доколку властите сакаат да го запре епидемијата во Рио треба да се направи повеќе, изјави еден од здравствените инспектори за „Дејли меил“.

zika-brazil-4

Во Комплексо де Мар живеат повеќе од 130.000 луѓе. Во некои делови на градот, тоа е речиси невозможно да се влезе, бидејќи тие се контролирани од страна на дилерите на дрога и вооружената мафија што патролираат на улиците. Каква е ситуацијата во фавелите најдобро се гледа од фактот дека само во текот на последната недела се родени десет бебиња со микроцефалија предизвикана од вирусот.

zika-brazil-5

Податоците покажуваат дека микроцефалијата е потврдена кај 404 бебиња, иако постојат сомнежи дека оваа бројка е многу поголема. Иако во повеќето случаи, деформитетите во обликот и големината на черепот се видливи, микроцефалијата, не мора да се манифестира. Сепак, она што е сигурно е дека децата кај кои дијагнозата е потврдена имаат ментални потешкотии и проблеми во развојот и бараат посебна нега.

Првиот случај на вирусот беше забележан во Африка кон крајот на четириесеттите години на минатиот век. Не е познато уште како вирусот стасал во Бразил, иако некои локални официјални лица велат дека е можно да го донеле посетителите на Светското првенство во 2014-та година, а  многумина се прашуваат дали тоа значи дека Зика ќе се рашири во светот како резултат на претстојните Олимписки игри, но организаторите тврдат дека тоа нема да се случи.