Во пад на американски транспортен авион тројца исчезнати

Три лица се водат за исчезнати во падот на теранспортниот авион на американската воена морнарица со 11 патници и членови на екипажот во средата во водите на Филипинското Море, јужно од Јапонија, на пат кон носачот на авиони „Роналд Реган“.

Осум лица се спеасени, а три се водат како исчезнати, објави американската Седма флота, додавајќи дека спасените се во добра состојба и дека се префрлени на носачот на авиони „Роналд Реган“.

Потрагата по исчезнатите продолжува, а за инцидентот е отворена истрага.

Авионот се наоѓал на рутински лет превезувајќи патници и товар од базата во јапонскиот град Ивакуни на наосачот на авиони, кој во Филипинското Море се наоѓа во рамките на маневрите со јапонските сили.

Станува збор за авионот од типот „ C-2 Greyhound“ со пропелери, кој се користи за превоз на патници, пошта и друг товар од базите на копното на носачите на авиони.

Јапонските власти објавија дека се сомневаат дека станува збор за проблеми со моторот на воздухопловот.