Во Пакистан 34 ранети во експлозија на камион бомба

Лахоре, 24 јули 2017 (Photo by AFP)

Најмалку 34 луѓе се ранети во понеделникот вечерта во експлозија на камион бомба во пакистанскиот град Лахоре, соопштија локалните власти.

„Експлозивот се наоѓал во камион кој превезувал овошје“, изјавил за AFP висок функционер од локалната влада на северозападниот пакистански град Лахоре, кој има 6 милиони жители.

Додал дека 34-те ранети главно биле случајни минувачи. Експлозијата уништила една зграда и оштетила бројни возила.

Засега никој не ја презема одговорноста за овој напад. Во последниот голен напад во Лахоре на 24 јули беа убиени 26 луѓе.

Културната престолнина на Пакистан – Лахоре често е цел на крвави напади чиј број ата се намали последните две години, а безбедносната ситуација во земјата генерално се поправи.