Во Пакистан рекорден броj на случаи на детска парализа

Годинава во Пакистан е регистриран рекорден број случаи на полиомиелитис, т.е.детска парализа, пренесе ДПА, цитирајќи ги локалните здравствени власти, објави МИА.

Според претставник на Националниот институт за здравствена заштита, годинава се потврдени 202 случаи, што претставува зголемување во споредба со претходните највисоки нивоа за истиот период, регистрирани во 2000 година.

Здравствените власти во Пакистан ја завршуваат петдневната кампања за вакцинирање на 34 милиони деца.

– Една од причините за ширењето на болеста е несигурноста во некои региони од земјата, каде се активни талибанските бунтовници и каде не можат да влезат медицинските екипи, одговорни за вакцинирањето – изјави министерката за здравство Саира Афзал Тарар.

Често пати проблеми создаваат и родителите, кои одбиваат да ги вакцинираат своите деца. Бунтовниците шират гласини дека вакцината против полиомиелит е заговор на Западот за стерилизирање на муслиманите.

Пакистан, Нигерија и Авганистан се единствените земји, во кои сè уште има жаришта на полиомиелитис.