Во Перу запленети 7,6 тони кокаин

Полицијата во Перу во текот на изминатата седмица извела операција без преседан во која запленил рекордно количество кокаин од 7,6 тони проценето на 300 милиони американски долари, кои му припаѓале на мексикански картел, соопшти во неделата тамошното министерство за надворешни работи .

„Станува збор за најголемото откривање дрога кога и да е во Перу, и има историско значење. Никогаш досега не сме реагирале толку остро против криумчарите на дроги“, изјави перуанскиот министер за внатрешни работи Даниел Урести, додавајќи дека дрогата е запленета во Трихула, во северниот дел од земјата.

Според првите информации претходно седмицава шест тони од дрогата биле запленети сокриена во јаглен наменет за Шпанија и за Белгија. Во операцијата биле уапсени осум луѓе. Вредноста на целото количество кокаин се проценува на 300 милиони долари, додаде министерот.

Фактот дека ниту Шпанија, ниту Белгија не увезуваат јаглен од Перу побудила сомнежи кај полицијата којашто ја започнала целата операција уште пред шест месеци. Полицијата прво во вторникот, кога е започната операцијата на запленување, открила 3,5 тони кокаин, но дури во петокот ја завршила акцијата со издвојување на кокаинот од јагленот во кој била сокриена.

Според перуанските власти, дрогата со висока чистота доаѓа од еден мексикански картел чиешто име не сакаа да го објават.

Полицијата во борбата против илегалното тргување со дроги наведе дека соработувала со сродна американска агенција, и прецизираше дека во акцијата уапсила седум Перуанци и двајца Мексиканци.

Според податоците на Обединетите нации, Перу годишно произведува 320 тони кокаин и заедно со Колумбија и Боливија е најголемиот светски снабдувач со дроги. Во летото 2013 година Пери се најде на првото место меѓу земјите со површина на територијата која е засадена со растението кока пред Колумбија, којашто ги намали ваквите површини за 25 отсто.