Магазин

Во петок готвиме посно: Зелена салата со туна и посни бомбици

Во петок готвиме посно: Зелена салата со туна и посни бомбици

За денешниот посен ручек ви предагаме нешто вкусно и посно, одлична зелеан салата со туна и слатки бомбици.

 Потребно:

150 гр. марула

185 гр. туна

100 гр. домати

100 гр. краставици

100 гр. млад кромид

1 лимон

маслиново масло

сол

Слатки и брзи посни бомбици.

Подготовка:

Марулата, претходно убаво измиена, ја кинеме на парчиња. Краставицата и доматот ги сечеме на крупни парчиња. Ја додаваме туната од конзерва, ја зачинуваме салатата и внимателно мешаме. Салатата ја сервираме во чинија, и одозгора ја попрскуваме со сецкано младо кромитче и со исцеден лимон.

Одлични и слатки бомбици со лебни трошки и бомбици.

Потребно:

300 гр вода

300 гр шеќер

1 ќесичка ванилин шеќер

100 гр ореви

250 гр лебни трошки

1 лажица какао

Малку рум

100 гр кокос за валкање

Подготовка:

Водата, шеќерот  и ванилиниот шеќер се ставаат да зовријат, потоа се додаваат лебните трошки, оревите, какаото и румот. Се меша смесата убаво и потоа се формираат бомбици кои се валкаат во кокосот. Послужете ги со свежо кафе.