Во петок започнуваат деновите на МНТ во Кратово

Во петок започнуваат Деновите на Македонскиот народен театар во Кратово.

Отворањето ќе започне со претставата „Парите се отепувачка“ во режија на Бојан Трифуновски.

Посетителите ќе можат да ги погледнат и претставите „Последна шанса“, „Сребрена свадба“, „Свадбата на Фигаро“ и „Не се клади на Енглези“.

Сите претстави ќе се играат на платото пред Музејот на Град Кратово, со почеток во 21 часот. Влезот за сите претстави е бесплатен.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.