Во петте средни училишта во Куманово има 2554 слободни места

Според Конкурсот на Министерството за образование и наука за запишување во прва година средно образование во 2015/2016,  во гимназијата „Гоце Делчев“ во Куманово има места за 374 ученици во 11 паралелки.
Од нив, 340 ученици во 10 паралелки со настава на македонски јазик и 34 ученици во една паралелка со настава на српски јазик. Во гимназијата „Сами Фрашери“, пак, слободни се 272 ученици во 8 паралелки со настава на албански јазик.
Средното стручно општинско училиште „Киро Бурназ“ нуди можност за упис на  510 ученици во прва година во 15 паралелки, од кои 374 ученици во 11 паралелки со настава на македонски јазик и 136 ученици во четири паралелки со настава на албански јазик. Учениците таму имаат за избор четири струки: земјоделско-ветеринарна,  за која се предвидени 7 паралелки, по три за хемиско-технолошката и лични услуги и две за машинската струка.
Во средното општинско училиште „Перо Наков“ во прва година може да се запишат 714 ученици во 21 паралелка – 340 ученици во 10 паралелки со настава на македонски јазик и 374 ученици во 11 паралелки со настава на албански јазик.
Ова училиште има две струки, економско-правна и трговска струка,  во која може да се запишат  442 ученици во 13 паралелки и текстилно- кожарска струка  која нуди места за 272 ученици во осум паралелки.
Општинското средно техничко училиште „Наце Буѓони“ нуди можност за упис на 684 ученици во 21 паралелка – 330 ученици во 10 паралелки со настава на македонски јазик и 354 ученици во 11 паралелки со настава на албански јазик. Училиштето нуди машинска струка, електротехничка  и здравствена струка. Во машинската предвидено е да се запишат 184 ученици, во електротехничката 330 ученици, а во здравствената 170 ученици.
И годинава ќе има две пријавувања во првиот, јунски уписен рок и втор уписен рок во август.
Исто така, објавен е и конкурс за упис на ученици во ученичките домови. Во кумановскиот ученички дом „Професор Мијалковиќ“ има 120 слобони места за упис на ученици кои се редовно запишани во четирите години од средните училишта.
Првиот уписен рок е од 26 јуни до 6 јули 2015 година, а ако останат слободни места документација за прием во домот може да се поднесува и од 25 до 28 август.