Во подморница на Пацифик запленет тон кокаин

Поморските сили на Гватемала пресретнале во Тихиот Океан подморница со речиси тон кокаин проценет на 13,5 милиони долари, објавија локалните власти.

Пратката се состоела од 967 пакети од по еден килограм дрога. На пловилото се уапсени тројца Колумбијци, објави обвинителството.

Властите на Гватемала минатата година заплените 13.659 килограми кокаин, а претходната 2016 година речиси тон помалку, односно 12.818 килограми.