Во пограничните судири загинаа 15 проруски активисти

Најмалку 15 проруски активисти загинаа, а петмина се повредени во судирите со припадници на украинската војска во пограничното подрачје меѓу Украина и Русија.

Припадници на украинската погранична стража се судриле со вооружени напаѓачи кои пристигнале од Русија со камиони и се обиделе да ја преминат границата кај селото Маринивка во источниот дел на земјата.